Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ги напушти Соединетите Американски Држави и се врати во Европа. Во понеделникот поради епидемијата од коронавирусот беше откажан првиот мастерс во сезоната, Индијан Велс, а иако се уште нема официјална одлука се очекува и турнирот во Мајами да биде откажан.
Минатата ноќ претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека го укинува целиот воздушен сообраќај меѓу САД и Европа. Српскиот тенисер со еден од последните летови се врати назад во Европа.
„Мојот совет кон тенисерите кои се наоѓаат во САД е да се вратат во Европа. Не знам како би можел турнирот во Мајами да се игра во вакви услови. Не знам што ќе се случува во наредниот период и како би можеле да играме тенис додека Светската здравствена организација не прогласи крај на пандемијата“, изјави Ѓоковиќ.
Следниот турнир на кој би требало да учествува Србинот е Мастерсот во Монте Карло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА