Ѓоковиќ советува како да се заштитите од коронавирусот

Најдобриот тенисер во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ се врати од САД каде поради пандемијата од коронавирусот беа откажани првите два Мастерси во сезоната, Индијан Велс и Мајами. Тој слободното време го користи поделувајќи совети во борбата со големата болест која го зафати светот.

„Треба да се зголеми внесувањето на витамин Ц и цинк. Препорачано е да имате 5 до 7 грама дневно витамин Ц, а може и до 10. Подобро е да имате течен цинк, а доколку го немате, можете да земете и таблети. Тогаш е добро 3 до 4 пати поголема доза. Исто така наутро пијте топла вода со лимон и малку морска сол. Топла вода со лимон пијте уште неколку пати во текот на денот. Препорачливо е на празен желудник“, откри Ѓоковиќ. 

Тој препорача и уште неколку совети кои ќе помогнат во борбата со вирусот.

„Пијте што повеќе зелени сокови и шејкови со зелени растенија. Зелените растенија прават алкална база во организмот која ги уништува вирусите. Препорачливо е да го конзумирате и лук помешан со мед и цимет. Добро е да се конзумира и масло од диво оригано, ѓумбир и лути пиперки“, додаде Ѓоковиќ. 

Исто така Ѓоковиќ советува дека е важно и да се поминува време на свеж воздух.

„Поминувајте време на свеж воздух и природен амбиент. Тоа не лечи. Прајте вежби за дишење бидејќи на тој начин емотивно и ментално добивате мир кој ви дозволува полесно да се справувате со проблемите и болестите. И најважно смејте се“, заврши Ѓоковиќ. 

АТП ја суспендираше тениската сезона во следните шест недели, со што и дефинитивно се откажани американските мастерси, а голема е шансата да биде откажан и турнирот во Монте Карло.

Се вчитува...