Новак Ѓоковиќ е прва „ѕвезда“ на турнирот во Дубаи, а Србинот приредува шоу каде и да се појави, дури и кога не е на тениски терен. Така, тој за време на вечерата ги покажа и своите танцувачки способности, и тоа крај една танчерка која му држеше сабја над главата.
Најдобриот светски тенисер одлично се забавуваше, во пресрет на својот втор меч на турнирот што ќе го игра утре против Филип Колшрајбер од Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА