Голем кикс на Ѓоковиќ на доделувањето на „Златната топка“ за кој говори цел свет (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ учествуваше на доделувањето на „Златната топка“, а во еден момент направи грешка за која мораше да се извини.

Сите беа воодушевени од изгледот на најдобриот тенисер на планетата, неговата средба со Лионел Меси ја „запали“ јавноста, но беше многу интересно и кога дојде редот на Ноле да и ја додели „Златната топка“ на најдобрата фудбалерка на планетата, Аитани Бонмати.

Одржа говор, ја повика фудбалерката на Барселона на бина, но заборави една многу важна работа – не и го предаде трофејот!

Ајтана Бонмати остана збунета, а со брзата реакција на организаторите и самиот Ѓоковиќ овој пропуст беше исправен и таа доби извинување од Србинот.

Се вчитува...