Епска брука: Далас прими 91 поен за едно полувреме во првиот меч по трејдот на Дончиќ

Огромен е шокот кај сите во таборот на Далас маверикс откако клубот утрово шокантно го испрати својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ во „трејд“ со Лос Анџелес лејкерс.

Тренерот Кид воопшто не знаел за планот на генералниот менаџер, останатите кошаркари се шокирани, а најдобар одраз за тоа е вечерашното гостување во Кливленд на кое Далас одигра епско катастрофално прво полувреме.

Кошаркарите на Кливленд за 24 минути игра постигнаа неверојатни 91 поен, од кои 50 само во првата четвртина, два клупски рекорди во историјата на кавалирс, заедно со разликата на полувреме (45) откако на одмор домашнитеиграчи заминаа со неверојатни 91-46.

Генералниот менаџер Харисон изјави дека заминувањето на Дончиќ е одлука за иднината… само проблем е што сегашноста е катастрофална за него и за Далас маверикс.

Се вчитува...