Новицки „згрозен“…, Леброн: „Ти си е… лажов!“…, Дурант: „Во шок сум…!“

Лука Дончиќ шокатно го напушта Далас Маверикс и се сели во Лос Анџелес Лејкерс!

Далас им ги понуди Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис на Лејкерси, во замена за Ентони Дејвис, Макс Кристи и пик од првата рунда во 2029 година. Крајно неверојатен трејд ако се знае дека дури и актерите немале поим дека се подготвува вакво нешто.

Кевин Дурант, кошаркарот на Феникс Санс, изјави дека овој трејд ќе ги промени стандардите и ќе ја направи лигата сосема поинаква.

„Играчите се држат до еден висок стандард кога станува збор за лојалност и посветеност на клубот, додека клубовите не се држат на истиот стандард. Во шок сум…“ – рече Дурант.

Веднаш штом беше објавен трејдот, почнаа гласините дека Леброн Џејмс е фрустриран од Ентони Дејвис и лут на него, но се огласи самиот Џејмс демантирајќи го тоа:

„Ти си е..н лажго“

Џоел Ембид не може да поверува во ваквата преселба на Дончиќ…

„Нема шанса…“

И, човекот кој ја помина целата своја кариера во Далас Маверикс, Дирк Новицки, исто така се огласи на социјалните мрежи откако клубот го трејдуваше Дончиќ во Лејкерси. Сите мислеа дека Дончиќ ќе го има истиот пат како Новицки, но откако Кубан го продаде тимот, очигледно е дека тие одат во друга насока.

Се вчитува...