Голем трансфер: Решат Рамадани од Шкендија официјално во Динамо Киев!

Младиот 19-годишен фудбалер Решат Рамадани, и официјално е нов член на Динамо Киев. Досегашниот фудбалер на Шкендија денеска го комплетираше трансферот во украинскиот гигант.

Играчот од средниот ред досега има настапи за репрезентацијата до 21 година. Во тековната сезона играше 15 натпревари за тетовските „црвено-црни“.

Рамадани беше промовиран во првиот тим минатата сезона, кога одигра седум меча, а оваа беше стандарден во дресот на тетовци.

Се вчитува...