Голем удар за Арсенал по дербито со Манчестер Сити

Микел Артета се соочува со нов сериозен проблем околу составот на Арсенал откако „топчиите“ останаа на подолг период без помошта на Нони Мадуеке.

Англискиот репрезентативец имаше одлични игри во периодот додека повреден беше Букајо Сака, Мадуеке беше и стартер на големото дерби со Манчестер сити, но на полувремето мораше да биде заменет. Веднаш по дербито беше обелоденето дека измената била принудна, Мадуеке има проблем со коленото, а се шпекулираше дури и со повреда на вкрстените лигаменти.

Денеска стигна и точната дијагноза, за среќа беше избегнато најцрното сценарио, но крилниот офанзивец сепак ќе мора да паузира најмалку два месеци од терените.

Артета повторно го има на располагање Сака, но јасно е дека неиграњето на Мадуеке ќе биде сериозен удар во период на згуснат распоред за клубовите.

Се вчитува...