Матео Арналди го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од Ролан Гарос откако успеа да слави над Русинот Андреј Рубљов со 3-0 во сетови.
Италијанскиот тенисер, кој моментно се наоѓа на 36. место на АТП-листата, целосно доминираше во дуелот со шестиот носител. Рубљов парираше само во првиот сет што Арналди го доби во тајбрејк со 8-6. Арналди потоа презеде целосна контрола над мечот, го доби вториот сет со 6-2, а потоа во третиот направи брејк и славеше со конечни 6-4, за своја најголема победа на гранслем турнирите во досегашниот дел од кариерата.
Многу интересно беше и на женскиот дел од турнирот, каде Дона Векиќ го доби првиот сет против Олга Даниловиќ со 6-0. Сепак, следеше неочекуван пресврт на српската тенисерка, која во вториот сет триумфираше со 5-7, а потоа во третиот се играше тајбрејк што Даниловиќ по огромна борба го доби со 10-8, за свој прв пласман во осминафиналето на Ролан Гарос. Србинката таму ќе ја очекува победничката на дуелот Вондрусова – Паке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА