Големо предавство: Менса Ларсен ги напушта „лавовите“ за лутиот ривал

Мадс Менса Ларсен е подготвен да изврши големо предавство во ракометна Германија, решавајќи да си замине од Рајн-Некар Левен и да се пресели во таборот на шампионот Фленсбург. Овие два клуба развија силно ривалство во последните неколку сезони, но данскиот бек не се осврнува многу на тоа и начелно веќе ги договорил условите за преселва во Фленсбург.

Неговиот договор со„лавовите“ истекува на крајот од сезонава, а иако му е понудено продолжување тој е подготвен да ја смени клупската средина. Во опција биле неколку клубови надвор од Германија, но Менса Ларсен сепак решил да остане во Бундес-лигата. Тој ќе биде четвртиот дански ракометар во Фленсбург, крај Закаријарсен, Халд и Хансен.

Мадс Менса Ларсен има две титули во Бундес-лигата со Рајн-Некар Левен, еден трофеј во Кѕупот на Германија и три во Супер-купот на Германија. Тој беше член на данската репрезентација при освоените златни медали на ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 и на СП во 2019 година.

Се вчитува...