Горан Главчев со втор трипл-дабл во кариерата

Горан Главчев одигра уште еден одличен меч во дресот на Кожув, откако капитенот на гевгеличани на попладневниот дуел со Академија ФМП стигна до трипл-дабл.

Искусниот бек го заврши натпреварот со 13 поени, 11 скокови и десет асистенции, а зад неговото име останаа запишани и две украдени топки и исто толку блокади.

Главчев е само вториот кошаркар во историјата на мак-баскетот, заедно со Димитар Караџовски, кој има два трипл-дабл натпревари зад своето име. Претходно, гевгеличанецот стигна до трипл-дабл и како член на Блокотехна, откако при триумфот над Струмица забележа  16 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Зад нив двајца, со по едно вакво остварување се наоѓаат Едис Нури, Горан Самарџиев, Тони Симиќ, Горан Главчев, Никола Караколев, Предраг Самарџиски и Адем Мекиќ

Се вчитува...