Горан Пандев – најчеста резерва во историјата на Калчо-лигата

Горан Пандев настапи во второто полувреме од вечерашниот триумф на Џенова на гостувањето против Кротоне, натпревар на кој македонскиот капитен стигна до неверојатно остварување, израмнувајќи го рекордот за најмногу натпревари во историјата на Калчо-лигата на кои еден фудбалер влегол во игра од клупата за резерви.

Ова беше вкупно 154. меч на кој Пандев влегува во игра на натпревар на кој не е стартер, остварување со кое Македонецот се израмни со Серџо Пелисие на врвот на листата во оваа статистичка категорија. Со оглед на фактот дека стратегот на Џенова во последно време не смета на Пандев како на стартер, се очекува на еден од следните натпревари македонскиот голгетер да стане апсолутен рекордер во оваа категорија.

Пандев е дел од Серија А од 2003 година, кога настапуваше за Анкона како позајмен фудбалер од Интер. Потоа македонскиот ас беше дел од елитното италијанско фудбалско друштво настапувајќи и за Лацио, Интер, Наполи и за Џенова.

Се вчитува...