ГОРАН ПОПОВ СО АНАЛИЗА НА ГРУПНАТА ФАЗА: Белгија ги пропушти своите шанси, одбраната на Србија катастрофална

Некогашниот репрезентативец Горан Попов, за ЕКИПА прави анализа на Светското првенство во Катар. Попов направи анализа на групната фаза.


СРБИЈА ВО ОДБРАНА КАКО МАЛИ ДЕЦА

И претходно кажав дека овој Мундијал ќе биде неизвесен и дека секој секого може да победи. Јужна Кореја ја победи Португалија, Бразил загуби од Камерун… Вистински хаос. Што се однесува до Србија, мислам дека се заслужено елиминирани по она што го покажаа. Против Бразил требаше да примат 5-6 голови, против Камерун катастрофална реакција на одбраната и тактички сосема погрешно, а Швајцарија едноставно ги прегази. Имаа само две шанси Србите и ги искористија, на тоа искуство, на тој инситикт. Митровиќ знаеме како игра, само центаршут и со глава. Но, одбраната им беше катастрофална, како мали деца да играат фудбал. Тука би сакал да напоменам дека и погрешна беше тактиката да се игра со тројца стопери. За таква тактика треба брзи стопери, а Србија тоа го немаше.

ГЕРМАНИЈА НЕМА КВАЛИТЕТ КАКО ПОРАНО

Не е таа Германија како што беше пред 7-8 години кога го освои Светското првенство. Германците ја немаат таа агресија, па ниту тој квалитет. Според мене сосема заслужено испаднаа, и покрај тоа што и не играа лошо за разлика од некои селекции. Им недостасуваше и малку среќа, но мислам дека не играа како што тие знаат и како што играа порано. Фудбалот веќе е сменет, сега секој може да победи секого, а тоа го покажа и ова Светско првенство.

БЕЛГИЈА ЗАСЛУЖИ ДА ИСПАДНЕ, УРУГВАЈ НЕ

Искрено не сум изненаден од испаѓањето на Белгијците. Уште од првиот и вториот меч видов дека лошо им се пишува, и покрај тоа што ја победија Канада. Германија и одигра нешто, ама Белгија катастрофа. Кога влезе Лукаку направија добри шанси, ама не ги искористија шансите, не можеа да погодат и заотао се елиминирани. Не би сакал да навлегувам за лошата атмосфера во соблекувалната. Жал ми е за испаѓањето на Уругвај, мислам дека незаслужено се елиминирани, затоа што фудбалски играа добро. Тука би сакал да напоменам дека судијата погреши што не досуди пенал над Кавани. Ако се види какви пенали беа судени на овој Мундијал, тогаш требаше да биде и тоа за Уругвај.

ХРВАТСКА ИМА МНОГУ ПОСТИЛЕН КАРАКТЕР ОД СРБИЈА

Хрватска има карактер и тоа го покажува и на ова Светско првенство. Едноставно играат како тим, и гинат еден за друг. Што е разликата меѓу Хрватска и Србија? Тоа што Хрватите се посилни на карактер. Едноставно играат сите за еден, еден за сите. Фатија некој ритам и ќе бидат интересни, особено ако поминат со Јапонија, може многу проблеми да направат на Бразил, ако се сретнат во 1/4 финалето.

АРГЕНТИНА ПОЧНА ДА ИГРА ТИМСКИ

Реков дека Аргентина не може да чека на Меси, и дека Аргентина ќе биде силна кога ќе игра тимски, односно сите ќе играат еден за друг, а не сите за Меси. Тоа го покажаа и на последниот меч кога победија против Полска, а имаа и многу шанси. Без разлика на досудениот спорен пенал, Аргентина доминираше и победи. Ако продолжат да играат вака, може да стигнат далеку. Инаку за мене најубав фудбал во групната фаза играше САД.

НЕЈМАР НЕМА ДА НЕДОСТАСУВА НА БРАЗИЛ

Отсуството на Нејмар нема многу да се одрази врз играта на Бразил. Барем јас така сметам. Дури мислам дека ќе бидат подобри со него. Тој е добар играч, но веќе е „испукана пушка“. Сметам дека Бразил се подобри без него, јас со Србија не видов дека нешто покажа. Така што Бразил за мене и натаму останува фаворит, како и Аргентина, само ако продолжат да играат тимски и да не чекаат од Меси.

Се вчитува...