Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Ѓорческа, која е прва носителка на турнирот, во второто коло убедливо со 6-1,6-1 ја победи Русинката Екатерина Вишневскаја. Во четвртфиналето македонската тенисерка ќе игра со уште една Русинка, Таисја Пачкалева.

Во второто коло ќе игра и Магдалена Стоилковска против Шпанката Паула Манјон.

Се вчитува...