Грасхоперс стигна до голем триумф во дербито на второлигашката конкуренција во швајцарскиот шампионат над Лозана со 2-0. Повремениот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев беше стрелец на голот со кој го запечати триумфот на својот тим во 91. минута.
Претходно домаќините со 1-0 поведоа со голот на Пушиќ во 54. минута. Со овој триумф Грасхоперс се издвои на врвот на табелата во Втората лига со 32 бода, пет повеќе од денешниот противник и од Арау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА