Gorillaz во Лондон: Премиерна изведба во живо на новиот студиски албум „Humanz“

По најавата на соработката со Telekom Electronic Beats музичката програма, Gorillaz го промовираа и својот нов студиски албум „Humanz“. Нивниот концерт се одржа во петокот (24 март) во Лондон, каде што премиерно и во живо беа изведени нумерите од новиот албум. На концертот настапија и голем број музички ѕвезди како Danny Brown, Noel Gallagher, Pusha T, Kelala, Benjamin Clementine („Hallelujah Money”), Anthony Hamilton, Jehnny Beth од Savages и др.

17434766_10155060864369536_6441178205620423925_o

Првите снимки и фотографии од настапот на овој најуспешен виртуелен бенд во светот, можете да ги погледнете на Facebook профилот на Electronic Beats и Gorillaz.

Албумот „Humanz“ треба да излезе на 28 април, а потоа следува и нивната турнеја низ Европа, со голем број настани и новитети, во соработка со Telekom Electronic Beats.

Повеќе на: www.electronicbeats.net

Комерцијален текст

Се вчитува...