Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Уругвај ќе биде тимот врз кој ќе светка „Ореолот на фаворит“ на овој натпревар“. (ПРЕКРАСНО).
Шо прекрасно бе друже шо прекрасно кажи ми ти на мене. Не морамо, ништа можемо много. Бре бре бре. И оној Пикси бе. Абе друже толку сум го поштуел, али ме разочара, нејкам да го видам веќе. Што ли беше она синоќа? Игра ли е она е синоќа со Бразил? Шо ќе рече другар ми Зоки од Битола, „Ма играте ко пи*ки“, да ми прости девојчево на шанк. Нека манат фудбал Србиве бе не ги бива, нека си играат кошарка… Идам до трафика да зеам цигари ќе се вратам, ќе праиме муабет и за другите утакмици. Среќа задња беше Србија, да играа порано нишо немаше да глеам. Ми се одмили и фудбал и се, жив се изедов. Едини добар оној малиот Гудељ. Братучед ми е друже… Озбилно ти кажуем бе. Пола фамилија ми е од Требиње. Добра фамилија се Гудељи, честита… Ај се враќам за кратко.
Не бе добар сум не сум нервозен, ми треба така цигара да запалам да се смирам. Сабајлето глеам оној со Елмас шо игра од Камерун на улица научил фудбал, па кај да научи бе друже. Тоа ти е проблем кај нас. Спортот главно се учи на улица. Кај нас нема деца шо играат спорт на улица. Оној, Перо будалата знаеш ли шо им напраи на копиљаците. Многу му галамеле, баскет коа играле, па земал со брусалица се симнал обрачот го е*ал. Има среќа не бев дома, коа ќе му се симнев. Али друже ја ти иам големо срце, таков сум… Земав се симнав им стаив нов обруч на децана, нека шутираат бе, па сеа Перо нека дое нека го извади ако смее. Ми се плаши друже, кај смее. Иначе утакмицана, па добро за почеток на ден океј беше. Ригоберт Сонг ме потсети на 2002 ја на Бечичи цело лето ее какви времиња друже. Верувал или не иста фризура ко него имав. Виска и цигари без бандероли продававме… Пари пун ко брод.
Друга текма играат они Јапанци. Да де Јапанци из Кореје. Добро де знаеш на шо мислам. Глеам стартни тимови пред почеток, пошо вистински зналац мора сите аспекти да ги има пред да тури тикет. И, шо е бе она пола тим Ким. Близнаци ли се, вака исти, или… Одма се сетив на вицон: – Да ти се пофалам, добивме близнаци!, – Да се живи и здрави… а еднојајчани или двојајчани? – Па, едното е двојајчано а другото е женско. Хе хе добар виц а? К-15 беа големи фанови на тоа семејство Ким. Праат ли уше тоа мајонезите бе?
Почиње друже Португал и го глеам Рочо плаче. Друже лигав e и не го сакам ама респект бе. Така се сака држава, мене ме расплака. Вака иам плачено само еднаш у живот. У универзална коа ја фати Гоце (бог да си го прости) „Бисер балкански“, па оро коа фатија сите, абе друже сум плачел ко мало дете. Ова Гана, португалска колонија е мислам, а? Сигурно е се виде дека е местена. Пеналдо, ко пеналдо, али пак ќе кажам респект, така се сака татковината, многу наши да учат од него.
Денеска почиње втора рунда а? Сакам да видам тоа Катарците како ќе изглеаат, многу боси ми делуваат, ај ќе видиме. Се глеаме утре друже…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА