Гостински победи на Рома и на Интер

Рома и Интер забележаа значајни гостински победи со кои овие екипи ја продолжуваат трката за место кое носи во Лигата на шампионите наредната сезона. „Волчицата“ поладнево гостуваше во Парма и триумфираше со 0-2, Џеко се врати во стартниот тим, не се запиша меѓу стрелците, но сепак најважно од се за римскиот клуб е што стигна до посакуваните три бода. Кристанте со удар со глава по корнер од десната страна го отвори резултатот, а на 0-2 зголеми Ундер.

Интер стигна до трите бода на гостувањето во Емполи славејќи со 0-1 благодарение на ударот на Кеита. Овој фудбалер стрелаше прецизно на самиот почеток на второто полувреме, тој гол со ВАР му беше поништен поради офсајд, но Кеита потоа постигна уште еден гол, за втора победа во низа на „нероаѕурите“ по онаа на големото дерби против Наполи.

Џенова ремизираше 0-0 против Фиорентина, натпревар на кој Горан Пандев не беше ниту на клупата за резерви на домашниот тим.

Резултати Италија:

Киево – Фросиноне 1-0, Емполи – Интер 0-1, Парма – Рома 0-2, Сасуоло – Аталанта 2-6, Џенова – Фиорентина 0-0, Удинезе – Калјари 2-0, Лацио – Торино 1-1, Киево – Фросиноне 1-0.

Се вчитува...