Гостиварската фурија го пресуши Вардар, двајца играчи без промашување

Гостивар во голем стил се врати на прволигашките кошаркарски терени, убедливо триумфирајќи на дуелот со Вардар (91-53). Избраниците на Марјан Србиновски беа без натпревар уште од 18 ноември, но им беа доволни само десет минути за адаптација, по што влегоа во посакуваниот ритам и го демолираа противникот.

„Вардарци“ успеаја да му парираат на големиот фаворит само во првата четвртина, во која и двете екипи постигнаа по 13 поени. Втората четвртина веќе донесе целосна доминација на домашниот состав, кој за десет минти игра постигна 30, а прими само 8 поени. Победникот практично беше решен, но гостиварци не застанаа, продолжија да доминираат на теренот и до крајот ја зголемија предноста до конечните „плус 38“.

Двајца кошаркари на Гостивар го завршија мечот без промашување, Армстед постигна 17 поени (3/3 за тројка, 3/3 за два, 2/2 за еден поен), додека капитенот Димитриевски беше стрелец на 14 поени (3/3 за три, 2/2 за два, 1/1 за еден поен). Единствениот со двоцифрен ефект кај Вардар беше Тасовски со 12 постигнати поени.

Се вчитува...