Градска пресметка: Вардар против Работнички за останување во шампионската трка!

Работнички и Вардар денеска од 14 часот на националната арена „Филип Втори“ во својата 61-ва градска пресметка во историјата.

Соседите го отвораат 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, во натпревар кој за Вардар со триумф ќе претставува останување во шампионската трка за Шкендија, а за „романтичарите“, пак, продолжување на амбициите за европски излез…

„Не го стартувавме најдобро пролетниот дел од првенството. Поразот од Пелистер се уште не боли, но веќе сме фокусирани максимално на дербито со Вардар. Верувам дека можеме да одиграме многу подобро од досегашните изданија и да го изненадиме Вардар. Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите“ – вели Стојанче Велинов пред денешниот дерби дуел.

Статистички, од досегашните 60 меча меѓу Работнички и Вардар, „црвено-црните“ имаат 27 победи, 13 пати мечевите завршувале нерешено, а 20 победи има Работнички.

Работнички има повеќе победи од Вардар кога бил домаќин во пресметките – 11. „Вардарци“ како гостин имаат 10 победи, а седум меча завршиле без победник. Оваа сезона двете екипи имаат по една победа. После триумфот на Работнички од 3-1, Вардар врати со победата од 1-0.

Се вчитува...