Грижа помалку за Борусија Дортмунд: Брант останува на „Вестфален“ до 2026

Веќе е јасно дека Борусија Дортмунд на лето многу веројатно ќе остане без услугите на Џуд Белингем кој што тешко дека ќе одолее на богатите понуди на големите клубови. Затоа „милионерите“ решија едно прашање во средината на теренот, откако денеска продолжија договор со Јулијан Брант.

Германскиот репрезентативец имаше договор до 2024 година, а сега истиот го продолжи на уште две, односно до 2026 година. Брант стигна во Борусија како големо засилување во 2019 година, но долго време му требаше за да пружи игри како што се очекуваа од него. Дури сега во последните 2-3 сезони заигра онака како што се очекува, особено сезонава во која е еден од главните адути во битката за титулата со Баерн Минхен.

„И по четири години секојдневно сум среќен што сум дел од овој тим и што стојам на теренот со овие феноменални момци. Ова е многу емотивен клуб со извонредни навивачи. Да бидам искрен, чувствувам дека сум на вистинско место во вистинско време, и тоа секогаш била поентата на мојот живот. И тоа нема да се промени. Со нетрпение ги чекам следните неколку години во „жолто-црниот“ дрес и сигурен сум дека заедно ќе можеме да прославиме нешто големо“, рече Брант.

Следен на листата на на оние кои ќе им биде продолжен договорот е капитенот Марко Ројс. Ројс, кој е слободен агент ова лето, се очекува да продолжи до 2024 година. Борусија Дортмунд ќе се обиде да му го продолжи договорот и на Белингем, но тешко е за верување дека Англичанецот ќе остане во Борусија.

Се вчитува...