„Гризман не е во натпреварувачки ритам, а сите знаете зошто е тоа така“

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп вели дека поранешните добри игри на Антоан Гризман не му гарантираат дека има сигурно место во стартниот тим на „триколорите“. Гризман откако е во Барселона се обидува да ја најде вистинската форма, но се чини дека е далеку од игрите кои ги прикажуваше во периодот од 2016 до 2018 година.

„Гризман е надвор од натпреварувачки ритам, а вие добро знаете зошто е тоа така. Потребно му е време. Против Португалија беше многу подобар во второто полувреме. Гризман е напаѓач, но тоа што се движи низ целиот терен го прави многу важен за нашиот тим“, изјави Дешамп.

Гризман во 2016 година на Европското првенство во Франција беше одбран за најдобар фудбалер, а две години подоцна со националниот тим го освои Мундијалот во Русија.

Се вчитува...