Грк во одбраната на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок тргнува да ја засилува својата одбрана, а според германските медиуми, изборот паднал на грчкиот репрезентативец Константинос Мавропанос. Мавропанос во моментов игра во Штутгарт, како позајмен од Арсенал. За „Швабите“ играше и минатата сезона како позајмен, а во 34 настапи за овој тим, постигна и четири гола.

Станува збор за стопер висок 194 сантиметри, и тој би требало да преставува вистинско засилување за „милионерите“ во вториот дел од сезоната, во битката за титулата и за трофејот во Лигата на Европа.

Мавропанос има 24 години, а од 2018 година е дел од Арсенал. Во Грција играше за Јанина и Аполон Смирнис. После неколку години, Борусија е на добар пат да има грчки фудбалер во одбраната. Долго време на таа позиција настапуваше Сократис Папастапопулос кој пет години го носеше дресот на Дортмунд, а во 2018 година заедно со Мавропанос се пресели во Арсенал.

Се вчитува...