Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе ја пречека Грузија во натпревар од 3. коло од новото издание на Лигата на нации. Овие две репрезентации досега се сретнаа три пати и тоа сите натпревари беа во 2020 година.
Единствената победа ја забележа Македонија и тоа во најважниот меч во историјата за двете репрезентации, баражот за пласман на Европското првенство 2020 година. „Црвено-жолтите“ славеа со 0-1 на гостувањето во Тбилиси со голот на легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.
Во останатите два натпревари, двапати ремизиравме. Прво на 8. септември во Тбилиси (1-1), а со истиот резултат заврши и натпреварот во Скопје на 14. октомври 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА