Гулабите изненадени…Од каде денеска фудбал на стадион?

Широко и зелено…Се игра фудбал, ама тоа и ретко наликува – на фудбал. Си знаат гулабите, па си го „освоија“ теренот на арената „Филип Втори“. А си бранеа територијата и денеска, додека фудбалерите на Работнички и на Шкендија го играа првенствениот натпревар од 23.коло во Првата фудбалска лига.

На крајот, „романтичарите“ останаа како гулабите, со празни раце, а бодовите „одлетаа“ за Тетово.

Се вчитува...