Гундоган: Против Македонија и на трета победа

Илкај Гундоган игра во извонредна форма во дресот на Манчестер сити сезонава. Сето тоа очигледно добро го пренесе и во репрезентативниот дрес, па сега полн самодоверба најавува победа на Германија и против Македонија на утрешниот натпревар во Дуисбург од квалификациите за СП 2022.

На стартот од квалификациите предтходно Германците извојуваа две победи, против Исланд (3-0) и гостинска против Романија (0-1).

„Презадоволен сум што стартуваме со две победи во квалификациите. Ниту еден противник не е лесен, но ние играме на победа. Важно е овој прв собир од квалификациите да го затвориме со три победи, па и против Македонија ќе бараме три бода. Триумфот е наша нескриена амбиција“ – вели Гундоган кој на утрешниот дуел ќе ја носи и капитенската лента.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра утре на „МСВ-арената“ во Дуисбург со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...