Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол беше еден од најбараните фудбалери оваа зима. Младиот стопер по добрите настапи за Лајпциг блесна и на Светското првенство во Катар каде и помогна на Хрватска да стигне до бронзениот медал, а по него во игра за неговиот потпис влегоа великани како Реал Мадрид и Челси.
Но, и покрај големиот интерес 21-годишникот остана во германскиот тим кој бар засега одолеа на богатите понуди од Англија и Шпанија, но останува прашање дали ќе успее да го задржи младиот талент во своите редови и следното лето.
Имено, меѓу клубовите кои се заинтересирани за еден од најталентираните играчи на генерацијата 2002 се вклучи и Ливерпул. Јирген Клоп во Гвардиол гледа идеален партнер на Вирџил ван Дајк и долгогодишно решение. Предност на „црвените“ им се дава и по неодамнешната изјава на Хрватот кој изјави дека со неговиот татко постојано гледале натпревари на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА