Манчестер Сити им се врати на победите во Премиерлигата славејќи во дербито на 4. коло против градскиот ривал Манчестер Јунајтед и тоа со убедливи 3-0 на „Етихад“.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола не го криеше задоволството од триумфот велејќи дека овие победи против градскиот ривал се и повеќе од потребни за тимот.
„Мораме да се подобриме, но победи на вакви натпревари, особено против градски дерби средби носи многу радост за нашите навивачи. Говорот на телото и духот беа неверојатни“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

