Гвардиола сакаше да се пресмета со менаџерот на Виган (ВИДЕО)

Страстите на мечот Виган – Манчестер сити во рамките од осминафиналето на ФА Купот се разгореа откако фудбалерот на „граѓаните“, Фабијан Делф направи остар старт врз играч на домашната екипа, по што заработи исклучување. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не се согласуваше со одлуката на главниот арбитар, ниту пак со мислењето на предвоникот на Виган, Пол Кук, па од вербална расправија за малку ќе настанеше физичка пресметка меѓу двајцата стратези.

Гвардиола и Кук прво се расправаа покрај аут линијата непосрено по заработениот црвен картон на англискиот фудбалер, а кавгата потоа протолжи и во тунелот по крајот на првото полувреме. Менаџерите мораа да бидат разделени од своите колеги со цел да стават крај на расправијата.

Во меѓувреме, двете екипи се уште играат неизвесен натпревар по 70 минути, резултатот и натаму е 0-0.

Се вчитува...