Гвардиола: Стареам, пријатели

Манчестер Сити и Арсенал ремизираа со 1-1 во дербито на петтото коло од Премиерлигата на големо разочарување кај тренерот Пеп Гвардиола поради фактот дека неговиот тим имаше водство се до судиското продолжение на второ полувреме.

Шпанскиот стратег изјави дека на неговиот млад тим му е потребно време да се воигра, а имаше и саркастичен одговор на новинарско прашање.

„Разочаран сум од резултатот. Бевме неверојатно силни. Зад нас е тешка недела. Предизвикувачки е да играте во ваков ритам. Противникот беше многу силен, така да резултатот на крајот е во ред. Овој тим мора да расте. Имаме многу нови играчи, вклучувајќи ја и многу важната голманска позиција. Ова е млад тим, никогаш до сега не сме имале помлад. Мораме да одиме чекор по чекор“, изјави Гвадриола по што се осврна и на новинарското прашање зошто настапи со ист тим од претходниот натпревар.

„Бидејќи се разбудив вчера и си реков ќе играм со истите играчи. Понекогаш се изненадувам и сам себе си. Стареам, пријатели“

Се вчитува...