Хабиб го смени мислењето: Сега може нов меч со МекГрегор, во Москва

Хабиб Нурмагомедов постојано во јавноста изнесуваше дека нема намера на реванш меч со Конор МекГрегор, по победата во октомври минатата година кога се случи и жесток хаос по мечот.

Нурмагомедов доби жестока казна потоа, но минатиот месец се врати и ја одбрани шампионската титула во лесна категорија против Дастин Поире.

Сега веќе се спомнува за следните противници на Нурмагомедов. Тони Фергусон е главен кандидат за негов противник во 2020 година на борба во Русија, но таткото на шампионот, Абдулманап Нурмагомедов сега го промени мислењето и вели дека може и борба против МекГрегор доколку тој сака.

„Ако Конор сака реванш, тогаш Москва чека на него. Еднаш изјави дека во Москва имал повеќе навивачи отколку Хабиб. Па, сакаме да го пречекаме во Моска – добредојден е“ – истакна Абдулманап.

Хабиб пред неколку месеци, пак, зборуваше комплетно спротивно од својот татко…

„Последните три години тој имаше аматерски меч во бокс и една победа. Зошто тогаш заслужува реванш? На рингот ме молеше да не го убијам, а сега бара реванш. Тони Фергусон е на ред. Ме интересираат само луѓе кои имаа победничка низа“ – изјави тогаш Хабиб, но сега сметаат дека може и меч со Конор кој би бил најисплатлив за УФЦ.

Се вчитува...