Халанд е чудо од голгетер – се врати еден месец порано и веднаш даде гол (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд денес имаше повод за двојна радост, најпрвин убедливата победа што ја оствари на гостински терен против Волфсбург (1-3), а потоа и големиот „кам-бек“ на Ерлинг Халанд, чудото од голгетер кој не пропушти шанса да се запише во листата на стрелци.

Младиот Норвежанец се врати еден месец порано од заработената повреда, а денеска влезе во игра во 73. минута, сосема доволно верме за еден таков „расен“ напаѓач да постигне гол и да учествува во новата победа на својот тим. Претходно убедливата победа ја најавија Емре Џан во 35. и Дониел Мален 55. минута

По ваквиот исход Дортмунд се наоѓа на првата позиуција во Бундес лигата со 30 освоени поени, но да потсетиме дека има и еден натпревар повеќе од Баерн Минхен, кој вечерва на домашен терен ќе го пречека тимот на Билефелд.

Од останатите натпревари фудбалерите на Бохум го изненадија Фрајбург, па со 2-1 на домашен терен ги израдува своите навивачи.

Вистинска голеада имаше на дуелот меѓу Гројтер Фурт и Хофенхајм, натпревар на кој публиката уживаше во дури девет погодоци (3-6). Гостите успеаја да ја затресат мрежата на домаќините дури шест пати, а по оваа победа се искачија на петата позиција со 20 освоени бода.

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1464610802812563457/pu/vid/1280×720/fWHYHR6oxcX6Qx1X.mp4?tag=12

https://streamff.com/v/4c1e85

https://streamff.com/v/08b9ad

https://streamff.com/v/297baa

 

Се вчитува...