„Халанд е поблиску до трансфер на „Олд Трафорд“ отколку до Сити“

Манчестер Јунајтед има подобри услови и формација на теренот за отпочнување на преговори со Ерлинг Халанд отколку Манчестер Сити, вака барем вели новинарот Кристијан Фалк. „Црвените ѓаволи“ несомнено ќе тргнат по нови засилувања по крајот на сезоната, а плановите за реализација на нови трансфери се подготвуваат уште отсега.

Норвежанецот ќе биде еден од главните играчи во летниот преоден рок со клаузула од 75 до 100 милиони евра. Тоа е цена што сите големи клубови во Европа се подготвени да ја платат.

„Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се главните фаворити за потпис на напаѓачот на Борусија Дортмунд. Сепак, Јунајтед е во предност и внимателно ги следи случувањата. Халанд на „Олд Трафорд“ одлично ќе се вклопи“, потенцираше Фалк.

Се вчитува...