Халанд го реши „фенерџијата“ Гројтер, Шик недоволен за победа на Баер над Хофенхајм (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд стигна до триумф од 3-0 против „фенерџијата“ Гројтер Фирт во натпревар од 16. коло во германската Бундеслига. Ерлинг Халанд беше стрелец на два гола за „милионерите“ додека последниот трет беше дело на Мален.

Баер Леверкузен успеа да прокоцка предност од 2-0 и на крајот да одигра само реми против Хофенхајм (2-2). Патрик Шик со два гола донесе водство за „фармацевтите“ од 2-0, додека Стилер и Дабур ги поставија конечните 2-2.

Во останатите мечеви од понудата во 20.30 часот, Аугзбург и Лајпциг одиграа 1-1, додека мечот меѓу Унион Берлин и Фрајбург заврши без голови 0-0.

Се вчитува...