Халанд открил: Потпишувам договор со клуб од Ла Лига

Еден од најдобрите светски напаѓачи Ерлинг Халанд открил дека во 2022 година својата кариера ќе ја продолжи во шпанската Ла лига.

Има голем број заинтересирани за услугите на еден од најдобрите офанзивци, но се поизвесено е дека ќе потпише за клуб од Ла Лига.

Како што пренесува „Ас“, за време на својот одмор во Марбелја, Халанд им открил на свои блиски пријатели дека ќе ја продолжи кариерата во Шпанија, и иако не откривајќи за кој клуб, јасно е дека ќе биде Реал Мадрид или Барселона.

За услугите на Халанд се заинтересирани и неколку англиски премиерлигаши како и француски ПСЖ.

Се вчитува...