Хаос во Борусија: Ројс со критики за тренерот, Цорк смета дека проблемот е во тимот

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс упати критики кон тренерот на својот тим Марко Розе околу тактиката за натпреварот со Лајпциг.

„Мораме да го заборавиме првиот дел. Во второто полувреме се вративме на нашата стандарна формација со четворица позади, и игравме подобро. Не можеме да играме со тројца позади“, рече Ројс.

Ројс и во минатото му сугерираше на тренерот околу формацијата. Сепак, проблематично е тоа што Борусија во моментов нема леви бекови, па мора да импровизира.

Ситуацијата ја смируваше директорот Михаел Цорк кој кажа дека се е во ред и дека тренерот и капитенот имале разговор.

„Имаа разговор двајцата, се е во ред. Како да играме со четворица позади, кога немаме лев бек? Еден тим мора да има подготвено 3-4 тактики. Поразот дојде поради многуте повредени играчи кои ги имаме во моментов, но сметам дека тимот можеше многу подобро да одигра во Лајпциг, од она што го одигра“, вели Цорк.

Се вчитува...