ХАОС ВО ГОСТИВАР: Тежок инцидент – Тренерот на Пелистер погоден со предмет од трибините (ВИДЕО)

Грди сцени во кошаркарскиот шампионат на Македонија, откако дуелот од Супер-лигата меѓу Гостивар и Пелистер беше прекинат во четвртата четвртина, откако гостинскиот тренер Марјан Илиевски беше погоден со тврд предмет од трибините.

Страстите зовреа, Илиевски извесно време лежеше на паркетот, а кога стана ги загуби нервите по провокациите, по што неколку полицајци едвај го испратија во соблекувалните.

Инцидентите продолжија и во наредните минути, по што беше донесена одлука за празнење на салата, а се уште е неизвесно дали мечот ќе продолжи.

Во моментот на прекинот Гостивар имаше минимално водство од  65-62, на 6:56 минути до крајот.

Се вчитува...