Хаос во НФЛ – Се повеќе играчи одбиваат да играат

НФЛ шампионатот треба да почне на почетокот на септември, но прашање е што точно ќе се случува бидејќи голем број фудбалери одбиваат да играат. Пандемијата од коронавирусот направи многу проблеми во светот, но на НФЛ лигата се уште не влијаеше бидејќи сезоната беше завршена во февруари.

За потсетување драфтот беше одржан виртуелно, а неколку месеци подоцна се донесени одлуки околу прекинување на претсезоната, но и нови мерки за безбедност, а сега гледаме и голем број на откажувања.

Некои од фудбалерите велат дека семејствата им се поважни од кариерата и дека не сакаат да ризикуваат со тоа што ќе играат, па затоа нема да настапат во сезоната 2020/2021, додека некои фудбалери едноставно не сакаат да дадат причина зошто се откажуваат. Досега се откажаа 27 НФЛ ѕвезди, а најмногу има во Њу Ингланд Петриотс каде бројката досега достигна шест фудбалери.

Се вчитува...