Хасани не може против Работнички, го откажува и репрезентативниот повик за Анталија

Еден од најдобрите македонски фудбалер Ферхан Хасани нема да може да настапи за Шкендија на утрешниот натпревар против Работнички во Скопје во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По денешните детални прегледи од Шкендија информираат дека Хасани нема да биде подготвен да се стави на располагање на Ќатип Османи на утрешниот дуел со „романтичарите“. Капитенот на тетовци заработи повреда на задната ложа од левата нова на реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија против Вардар.

Хасани го чека пауза од еден месец поради што нема да може да биде на располагање и на селекторот Игор Ангеловски за двата пријателски натпревари овој месец кои не очекуваат против Финска (23. март) и против Азербејџан (27. март) во Анталија.

Се вчитува...