Хенес: Фудбалската федерација на Германија е неспособна!

Легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал, Ули Хенес во интервју за „Кикер“ говореше за ситуацијата во Фудбалската федерација на Германија.Познато е дека тој со федерацијата беше во конфликт додека беше прв човек на баварскиот клуб, но ситуацијата очигледно и сега не е променета, туку е само влошена.

Хенес вели дека во федерацијата се собрани неспособни луѓе кои не знаат како се води една голема организација како што е националната федерација.

„Едно е сигурно следните три години ќе бидат брутални во фудбалот бидејќи сите структури се скршени, како работата во младинските категории, така и во аматерската област, но и во малите клубови. Тоа е така бидејќи федерацијата е неспособна, па клубовите мора се сами да прават“, изјави Хенес. 

Проблемите меѓу клубовите и федерациите не се нормални само на Балканот туку очигледно истата ситуација е и во далеку поразвиените земји како што е Германија.

Се вчитува...