Херта ја шокираше Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Херта стигна до шокантен триумф над Борусија Дортмунд од 3-2 во последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната во германската Бундеслига. Гостите први стигнаа до предност со голот на Жулијан Брандт во 31. минута.

Сепак, на стартот на вториот дел следеше еден „блиц-криг“ на домаќините кои со три гола за нешто помалку од 20 минути стигнаа до висока предност од 3-1. До крајот Тигес во 83. минута успеа само да го намали поразот на „милионерите“.

 

 

 

Се вчитува...