Херта ѝ нанесе катастрофа на Борусија М. (ВИДЕО)

Херта дојде до значајна  победа во битката за опстанок, откако со превсврт на својот „Олимписки“ стадион во Берлин го совлада Менхенгладбах со 4-1.

Борусија Менхенгладбах поведе во 17. минута со гол на Нико Елведи.

Нганкам во 30. минута донесе израмнување за Херта. Во 52. минута одличен гол на Мартон Дардаи, за водство и за победа на Херта. Дардаи во финишот се повреди и не успеа да го заврши мечот. Во судиското надополнување Шерхант успеа да донесе 3-1, а во последните секунди од пенал Лукебакио ги постави конечните 4-1.

И со оваа победа, Херта не успеа да излезе од опасната зона, и е на 16. позиција на табелата, но сега само два бода од „сигурните“ места.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...