Хет-трик на Тричковски за едно полувреме (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец игра во одлична форма во кипарскиот шампионат. Тој на денешниот меч на неговата АЕК Ларнака против Ернис успеа за едно полувреме да постигне хет-трик.

Гостите поведоа со голот на Валпорт во 19. минута, по што следуваше шоуто на Тричковски. Прво во 23. израмни на 1-1. Шест минути подоцна донесе и водство од 2-1, а на 3-1 зголеми во последната минута од првиот дел.

 

 

Се вчитува...