Хофенхајм го смени тренерот

Поради лошите резултати со кои Хофенхајм стигна блиску до зоната за испаѓање, тимот се реши за смена на тренерот Андре Брајтенрајтер. Иако стручњакот имаше договор до 2024 година, сепак дојде до предвремено раскинување.

Брајтенрајтер дојде во тимот од Цирих минатото лето. По шест натпревари тимот се најде на 4. позиција на табелата, и оттогаш тимот стигна само до седум бода од 13 меча. Последната победа на Хофенхајм датира од 14 октомври минатата година.

Хофенхајм минатото коло загуби од Бохум со убедливи 5-2.

Како можни наследници за Брајтенрајтер се споменуваат Пелегрино Матарацо, Феликс Магат и Едуардо Кварезма.

Се вчитува...