Холандската репрезентација и натаму е во потрага по селектор, откако Роналд Куман си поднесе оставка по неуспехот на Мундијалот 2026 година, и елиминацијата од Мароко во 1/16 финалето.
Се споменуваше Арне Слот како најсериозен кандидат, но тој ја отфрли можноста да стане селектор, откако изјави дека целта му е да работи во клупскиот фудбал. Имаше уште некои имиња кои циркулираа, како што е и искусниот Луј ван Гал, но и со него засега нема договор, иако тој истакна желба да дојде на клупата на „лалињата“.
Сега најновото име кое се споменува е доскорашниот селектор на Португалија, Роберто Мартинез. Мартинез е исто така слободен тренер, откако беше сменет од Португалија, по неуспехот и елиминацијата од Шпанија на Мундијалот.
Доколку се договори со холандската федерација, тој би бил првиот Шпанец на клупата на Холандија, и прв странец после 53 години. Холандија немала странец селектор од 1973 година од Франтишек Фадрхонц од Чешка (тогашна Чехословачка), ја предводеше клупата на „лалињата“ од 1970 до 1973 година, и од тогаш наваму само Холанѓани седнувале на кормилото на оваа репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
