Холандски велосипедист во кома по страшен пад (видео)

Велосипедистот на Квикстеп, Фабио Јакобсен се наоѓа во индуктивна кома и состојбата му е сериозна по падот на трката низ Полска. Холандскиот шампион доживеа страотен пад на завршната етапа кога при брзина од 70 километри на час Дилан Груневеген го бутна во заштитната ограда.

Јакобсен силно удри во бетонот и веднаш е пренесен во локалната болница со тешки повреди. Тој доживеал оштетувања на мозокот, изгубил доста крв, а во моментов се наоѓа во индуктивна кома.

Хируршкиот зафат врз велосипедистот траел пет часа, но лекарите се оптимисти дека во наредните денови неговата состојба ќе се стабилизира.

Се вчитува...