Хрватскиот фудбалски интернационалец Марио Вушковиќ доби суспензија од две години поради позитивниот допинг тест по натпреварот одигран на 12 ноември миантата година за својот тим Хамбургер против Сандхаузен.
Долго време се чекаше на пресуда во случајот против Вушковиќ, кој упорно тврди дека е невин и покрај позитивните А и Б примероци на еритропоетин (хормин кој го регулира создавањето на еритроцити). Обвинителството пред десетина дена му понуди на Вушковиќ да ја прифати вината и да добие ублажена казна од една година неиграње, што беше одбиено од страна на фудбалерот кој се надеваше на ослободителна пресуда.
Токму затоа, денешната одлука на Судот беше шокантна за Вушковиќ и за неговиот клуб Хамбургер, кои веднаш најавија жалби за пресудата до Фудбалската Федерација, во обид да ја докаже својата невиност.
Хрватскиот фудбалер на сослушувањето тврдеше дека допинг-докторот Маркус Јунгблут не ставил капаче на чашката со неговиот примерот, што е строго прекршување на правилата. Вушковиќ беше подложен и на полиграф во Англија што го мина, но тие резултати не се прифатливи за германските власти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА