Реал Мадрид ќе се обиде да доведе големо засилување пред истекот на летниот преоден рок. Откако Зинедин Зидан се ослободи од фудбалерите на кои не сметаше, Хамес Родригез, Герет Бејл, а и Борха Мајорал го испрати на позајмица во Рома, реши да доведе ново име на „Сантијаго Бернабеу“.
Хусем Ауар, одличниот играч за врска на Лион, треба да биде засилувањето на Реал Мадрид во последните мигови од трансфер маркетот. „Кралевите“ се подготвени да го испратат Маријано Дијаз повторно во Лион и да платат дополнителни 20 милиони евра за Хусем Ауар.
Играчот од средниот ред на Лион беше трансферна цел и на Јувентус, Манчестер Сити и на ПСЖ, но францускиот клуб не сакаше да слушне за продажба под 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА