И атински АЕК се впушта во трката за ангажман на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, пренесуваат дел од португалските медиуми.
Ристовски кој веќе шест месеци воопшто не игра за Спортинг Лисабон, се очекува до крајот на месецот да го реализира планираниот трансфер. Покрај Брага, како што се пишуваше претходно, за неговите услуги сега интерес покажува и грчкиот гигант АЕК.
Како што е познато, претходно клубови кои се спомнуваа како можна идна дестинација за Ристовски беа Динамо Москва, Лацио и Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА