И Кимих позитивен на корона

Очигледно дека Баерн Минхен не погреши со тоа што на невакцинираните фудбалери не им дозволи да патуваат заедно со тимскиот автобус. По Чупо Мотинг кој порано денеска доби позитивен тест, позитивен на корона е и Џошуа Кимих кој исто како и неговиот колега не сакаше да се вакцинира против смртоносниот вирус.

Кимих исто така ќе замине во десетдневна изолација и во секој случај нема да може да му биде на располагање на тренерот Јулијан Нагелсман. Од невакцинираните фудбалери на Баерн Минхен останува незаразен само Михаел Куизанс.

Се вчитува...